Новитети

Отворен е новиот изложбен салон на Ул.Првомајска 74, П.Фах.

Адреса

Ул.Првомајска 74, П.Фах.703

1000 Скопје

тел

+389 2 2464 525

+389 2 2465 653

факс:

+389 2 2461 389

Квалитет и иновативност...

Опрема е специјализирана компанија за производство на различни типови на мебел, која произведува атрактивни и технички иновативни линии што го задоволуваат вкусот на илјадници купувачи во земјата.

Активностите при изведба на ентериери

Опрема произведува и дизајниран плочест мебел за опремување на Вашиот дом, како и мебел за Вашето работно место во домот, Вашите канцеларии, факултети училишта, студентски домови.

zanas

Уникатност во зависност од Вашите потреби...

Во своето долгогодишно постоење

оваа компанија се издвојува на пазарот со уникатноста и својата специјализираност во изработка во зависност од Вашата потреба. Нашите производи се изработени од различни материјали и разновидни бои со современ стил.

Уникатноста на дизајнирањето е секогаш ажурирана според најновите трендови, современтиот стил и побарувачката на пазарот.

Кадровска опременост...

Преку традиција до врвен квалитет

Нашата компанија вработува 14 лица со соодветно образование, рационално распоредени во сите сегменти кои се потребни за успешно функционирање на една компанија.

Комерцијата ја води искусен тим со високо образование од шумарската и економската област, одделението за производство е водено од раководство со високо образование од машинската област и соодветен стручен кадар од областа на дрвната индустрија, одделот за финансии кој е со огромно искуство, како и одделението за услуги со соодветна стручна спрема од областа на дрвната индустрија