за-нас

ЗА НАС

ОПРЕМА МЕБЕЛ

Специјализирана компанија за производство на различни типови на мебел, која произведува атрактивни и технички иновативни линии што го задоволуваат вкусот на илјадници купувачи во земјата.

 
 

Активностите при изведба на ентериери

Опрема произведува и дизајниран плочест мебел за опремување на Вашиот дом, како и мебел за Вашето работно место во домот, Вашите канцеларии, факултети училишта, студентски домови.

 
 

Уникатност во зависност од вашите потреби

Во своето долгогодишно постоење оваа компанија се издвојува на пазарот со уникатноста и својата специјализираност во изработка во зависност од Вашата потреба. Нашите производи се изработени од различни материјали и разновидни бои со современ стил. Уникатноста на дизајнирањето е секогаш ажурирана според најновите трендови, современтиот стил и побарувачката на пазарот.

 
 

Кадровска опременост

Нашата компанија вработува 14 лица со соодветно образование, рационално распоредени во сите сегменти кои се потребни за успешно функционирање на една компанија. Комерцијата ја води искусен тим со високо образование од шумарската и економската област, одделението за производство е водено од раководство со високо образование од машинската област и соодветен стручен кадар од областа на дрвната индустрија, одделот за финансии кој е со огромно искуство, како и одделението за услуги со соодветна стручна спрема од областа на дрвната индустрија.

ПРЕКУ ТРАДИЦИЈА ДО ВРВЕН КВАЛИТЕТ

 
 

Постигнувањето на рамнотежа помеѓу стилот, функцијата и добриот вкус во системите на производство на мебел се предизвик во производствениот процес на компанијата Опрема. Примарната цел на оваа компанија е задоволување и реализирање на Вашите желби, идеи и потреби преку примена на модерните производствени технологии и супериорениот квалитет на производите во целкупниот процес на производство, додека наша награда е Вашето задоволство.

 

Вашата одлука за взаемна соработка Ви донесува слободен избор во обемот на истата , односно:

    – Изработка на мебел според Ваше идејно решение или проект
  – Изработка на целосен проект од наша страна во сите фази на производството: идејно решение изработено соодветно на зададениот простор, детален производствен пакет, превоз и монтажа на мебелот.

 

Поаѓајќи пред се од Вашите желби, во комбинација со нашиот искусен и иновативен проектантски тим, добивате уникатен мебел и тоа само во Вашиот дом и никаде на друго место, односно идеално решение за вашиот стамбен или деловен простор.

ПРИНЦИПИ ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРОИЗВОДСТВО

 
 

Рамнотежа помеѓу стилот,
естетските карактеристики и оргиналниот дизајн

Фукционалноста и квалитетот на производите

Точност при роковите на испорака како мото за современо работење