Опрема Мебел

Опрема Мебел е специјализирана компанија за производство на различни типови на мебел, која произведува атрактивни и технички иновативни линии што го задоволуваат вкусот на илјадници купувачи во земјата.

Производството на секој елемент во Опрема Мебел се карактеризира со голема внимателност при изработката како и добриот избор на квалитетни материјали што резултира со елегантни линии, хармонични пропорции и беспрекорна функционалност. 

Во своето долгогодишно постоење, успеваме да создадеме задоволство кај купувачите, кое впрочем се потврдува со нивната лојалност.

 

Зошто Ние?

Изработуваме Уникатност Во Зависност Од Вашите Потреби

Уникатноста на дизајнирањето е секогаш ажурирана според најновите трендови, современтиот стил и побарувачката на пазарот.

Во Своето Долгогодишно Постоење

оваа компанија се издвојува на пазарот со уникатноста и својата специјализираност во изработка во зависност од Вашата потреба. Нашите производи се изработени од различни материјали и разновидни бои со современ стил.

Активностите при изведба на ентериери

Произведуваме и дизајнираме плочест мебел за опремување на Вашиот дом, како и мебел за Вашето работно место во домот, Вашите канцеларии, факултети училишта, студентски домови.

Кадровска Опременост

Преку традиција до врвен квалитет

Нашата компанија вработува 14 лица со соодветно образование, рационално распоредени во сите сегменти кои се потребни за успешно функционирање на една компанија.

Комерцијата ја води искусен тим со високо образование од шумарската и економската област, одделението за производство е водено од раководство со високо образование од машинската област и соодветен стручен кадар од областа на дрвната индустрија, одделот за финансии кој е со огромно искуство, како и одделението за услуги со соодветна стручна спрема од областа на дрвната индустрија

 

 

Постигнувањето на рамнотежа помеѓу стилот, функцијата и добриот вкус во системите на производство на мебел се предизвик во производствениот процес на компанијата Опрема Мебел.

Примарната цел на оваа компанија е задоволување и реализирање на Вашите желби, идеи и потреби преку примена на модерните производствени технологии и супериорениот квалитет на производите во целкупниот процес на производство, додека наша награда е Вашето задоволство.

Вашата одлука за взаемна соработка Ви донесува слободен избор во обемот на истата, односно:

  • Изработка на мебел според Ваше идејно решение или проект
  • Изработка на целосен проект од наша страна во сите фази на производството:
    идејно решение изработено соодветно на зададениот простор
    детален производствен пакет
    превоз и монтажа на мебелот
logo

Борис Трајковски 74 (Првомајска)
1000 Скопје, Македонија

(+389) 02 246 4525
opremamebel@yahoo.com

Copyright © 2021 Опрема Мебел. All rights reserved.

Add to cart